Кривична пријава за жител од Радолишта поради измама
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(51) од с.Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, во текот на 2019 година од Е.П.(49) од Струга набавил систем за вентилација за кој му исплатил само дел од парите, додека за останатиот дел од 60.000 денари биле договорени за шест месеци да му ги исплати. Откако поминал подолг временски период, Е.П. заклучил дека е измамен.