Кривична пријава за жител од струшко Франгово поради загрозување на сигурноста
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.Л.(36) од с.Франгово, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 06.02.2019 пријавениот упатувал закани по животот на Ѓ.М.(50) од Струга, додека бил на своето работно место во Шумска полициска станица – Струга.