26/11/2024
Охрид

Кривична пријава за жител од Велестово поради загрозување на сигурноста

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.К. (48) од охридското село Велестово.

Пријавениот, казненото дело го сторил на десетти декември минатата година, околу 13 часот на локалниот пат кон селото Велестово. Револтиран што на патот бил запрен џип марка „Ленровер“ пријавениот кој со друго патничко возило се движел по локалниот пат, застанал и излегол од возилото по што започнал вербална расправија со А.А.(57) од селото Рача. Потоа, извадил нож со сечиво од околу триесеттина сантиметри и почнал да му се заканува. Понатамошниот тек на настанот бил спречен од присутни граѓани кои, Г.К. го оттргнале на страна. Истиот, притоа фрлил со камен кон автомобилот на А.А. оштетувајќи го ретровизорот.