Кривична пријава за жител од Велгошти кај кого била пронајдена дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(25) од с.Велгошти, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 27.07.2019 во автокамп Градиште, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.