22/11/2024
Струга

Кривична пријава за жител од Вевчани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против П.К.(44) од с.Вевчани, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.
На 28.10.2019 во с.Велешта, струшко, пријавениот, вработен како референт по испорака во Шумско стопанство „Јабланица“, издал фалсификувана испратница за превоз на 14 метри кубни огревни дрва на приватна фирма која вршела превоз, со што се стекнал со противправна имотна корист.