22/11/2024
Струга

Кривична пријава за жител од Вевчани поради несовесно работење во службата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.К.(37) од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во 2015 година пријавениот, како директор на Основно училиште во Вевчани склучил договор со адвокатската канцеларија од Охрид за вршење адвокатски услуги во износ од 30.000 денари, кои од истите ги користел и во текот на 2016 година, без да склучи нов договор. Во текот на 2015 и 2016 година адвокатска канцеларија за извршените услуги, до Основното училиште доставила две фактури во вкупен износ од 141.644 денари, кои книговодствено биле прокнижени во текот на 2016 и 2017 година, но истите не биле исплатени, за што адвокатската канцеларија има поведено нотарска постапка.