Кривична пријава за жител од Лескоец поради злоупотреба на лични податоци
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „загрозување на сигурноста” и „злоупотреба на лични податоци”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Т.(60) од охридското село Лескоец.
Тој, во период од 13-ти до 18-ти минатиот месец, од неговиот мобилен телефон упатувал смс пораки со навредлива содржина, а потоа смс пораки со сериозни закани по животот и сигурноста на Ж.Ш. од Охрид со што, предизвикал чувство на страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената. Пријавениот Р.Т. на неговиот фејсбук профил без согласност од оштетената објавувал слики кои претходно ги прибрал од нејзиниот фејзбук профил под кои пишувал текст со навредлива содржина, нанесувајќи и штета по нејзиното достоинство.