23/02/2025
Охрид

Кривична за двајца охриѓани кои бесправно граделе куќа во Велестово

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.К.(63) и Б.И.(52), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

На катарстарска парцела во охридското село Велестово, тие неовластено и без соодветна градежно – техничка документација, како и без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, отпочнале градба на семејна куќа.

Од овластен градежен инспектор градилиштето било затворено со службена лента и службен знак.


WebOhrid / 04.02.2025 / СВР Охрид