Кривична за жител од Радолишта поради сомнение за сторени 13 казнени дела кражба
Поради постоење основи на сомнение за сторени 13 казнени дела од кои, 11 „тешка кражба на дрзок начин“ и 3 казнени дела „одземање моторни возила“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.М.(33) од струшкото село Радолишта.
Тој, во периодот октомври-ноември 2019 година, од повеќе продавници и бензиски станици на подрачје на Струга, одземал пари, разновидна стока како и моторцикли паркирани во куќен двор, стекнувајќи се со противправна имотна корист.