25/11/2024
Струга

Кривична за жител од Радолишта кај кого била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, надворешната канцеларија за криминалитички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(33) од струшкото село Радолишта.

На 13.10.2018 година во село Радолишта полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.