26/11/2024
Охрид

Кривична за жител од село Грчец поради одземање автомобил на Туристичка во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „одземање на моторно возило”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П. (27) од селото Грчец, општина Сарај.

Тој, казненото дело го сторил на 17-ти декември минатата година околу 09 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Откако забележал оставено патничко моторно возило „Тојота Корола“ во погон и со вклучени четири жмигавци, пријавениот искористил згодна прилика, влегол во возилото и го одзел, го управувал и го користел за свои потреби.

По преземени оперативни и други мерки, истиот ден, патничкиот автомобил е пронајден на локалниот пат од селото Дрмени кон Ресен. По извршена криминалистичко-техничка обработка, автомобилот е предаден на соственикот Н.Б. од Охрид. Со извршувањето на казненото дело, пријавениот Ј.П. предизвикал материјална штета од околу 1.000.000,оо денари.