Кривични пријави за двајца дилери на дрога од Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, поднесе две кривични пријави до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје против Д.Т.(28) и М.Ѓ.(24), поради постоење на основи на сомнение дека, во два одвоени случаи, сториле кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.
Имено, пријавените подолг временски период, односно од втората половина на 2017 година и почетокот на 2018 година, неовластено од непознати лица набавувале наркотична дрога и психотропни супстанции, ги чувале во своите домови, каде ги препакувале и ги продавале на корисници во главниот град.
Со претходно обезбедена судска наредба извршен е претрес во домот на лицето Д.Т. во Скопје и притоа се пронајдени 272 грама марихуана и 75 грама хашиш. Извршен е претрес и во домот на М.Ѓ. каде се пронајдени и одземени 95 грама марихуана.