22/11/2024
Охрид

Кривични пријави за две лица поради нелегален јавен такси превоз на патници

На 28.01.2021 година, при спроведени контроли во сообраќајот, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, регистрира две лица кои вршат јавен такси превоз на патници без да поседуваат соодветна лиценца за таква дејност издадена од надлежен орган.

На булеварот „Туристичка“ во Охрид, затекнат е патнички автомобил „Сеат“ со струшки регистарски ознаки, управуван од А.П.(53) од Струга а на стариот регионален пат Охрид-Струга, при нелегален јавен такси превоз на патници со патнички автомобил „Нисан“ со струшки таблици, затекнат е и С.Т.(81) од струшкото село Радолишта. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.