Кривични пријави за питачење
Одделенијата за криминалистички работи во Единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје, во периодот од 08.04-15.04.2022 година преземаа мерки и активности за спречување на „питачење“.
Притоа, лишени од слобода биле С.К.(26), Б.Б.(33) и Е.Л.(30) сите од Скопје. С.К. и Е.Л. заедно со своите малолетни деца, и малолетник чиј старател/родител е Б.Б. биле затекнати при питачење на крстосници и булевари и пред верски објекти на подрачјето на Скопје, со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик.