Кривични за двајца стружани поради „вршење јавен превоз без поседување лиценца“
ОВР Струга поднесе кривична пријава против З.М.(59) и С.Г.(44), двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
При контрола извршена од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај на 20.10.2020 на ул.„Маршал Тито“ во Струга, полициските службеници ги затекнале при превоз на патници, и тоа првопријавениот со такси возило „мерцедес“, а второпријавениот со такси возило „сеат“, без да поседуваат лиценца за вршење на општински такси превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај.