22/11/2024
Охрид

Крлеска Деспотоска: Имотот на ВМРО-ДПМНЕ во нашиот град е стекнат незаконски

Претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска денес одржа прес-конференција пред партиските простории на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Се наоѓаме пред партиските простории на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, пред еден од објектите кој во своите ѕидови крие криминал докажан во пресуда Талир 2 и претставува еден од најголемите корупциски случаи на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто во историјата на правото во државата и пошироко.

Имено, Врз основа на факти и докази, со судска пресуда е утврдено дека имотот на ВМРО-ДПМНЕ во нашиот град, како и низ повеќе од 30 градови низ државата, заедно со Белиот дворец вреден повеќе милиони евра е стекнат незаконски, со пари од граѓаните.

Фактот дека низ годините наназад, ВМРО-ДПМНЕ на сметка на граѓаните, а во свое име трупаше имот, недвижности, пари и луксуз, недвосмислено говори дека криминалното владеење на ДПМНЕ беше синоним на едно време, време на режим, диктатура и безредие.

Оваa победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи покажува дека постои правда и по правосилноста на пресудата сиот незаконски стекнат имот ќе биде вратен таму од каде што е одземен, а тоа се граѓаните.

И затоа апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на неосновани критики, манипулација и бојкоти од страна на ДПМНЕ и да застанеме сите заедно на страната на правдата против оние кои скоро една деценија предводени од осудениот Никола Груески немилосрдно ги трошеа парите на скапи слики, вазни, мермери, скап мебел и што уште не.

Начинот на владеење на ДПМНЕ преку популизмот и манипулацијата со народот во стилот:

Сиромашен народ, силна држава! Сиромашен народ – послушен народ! Сиромашен народ – богата власт!

E МИНАТО

ВМРО-ДПМНЕ после ваков докажан криминал и сеуште управувана од осуден криминалец, Никола Груевски преку Христијан Мицкоски, нема веќе ни образ ни легитимитет да зборува за ништо пред народот, а најмалку за економската состојба и животниот стандард на граѓаните.

Не е нашата слика жална, господо од ДПМНЕ како што пишувате, жално е вашето незаконско делување.“ – истакна Крлеска Деспотоска.


WebOhrid / 12.06.2022 / СДСМ Охрид