Крстеска: Вниманието кон лицата со посебни потреби нема да го штедиме
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше кандидатот за советник во Советот на општина Охрид, Ана Крстеска.
„Гарантираме вистинска грижа за сите во Охрид. Вниманието кон лицата со посебни потреби нема да го штедиме. Гарантираме:
ИНФРАСТРУКТУРНО ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА КАБИНЕТИТЕ ЗА ИНКЛУЗИВНО УЧИЛИШТЕ (ЗА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ).
Проектот предвидува и обезбедување алатки за професорите како и обезбедување ефикасна инклузија за учениците со посебни образовни потреби.
ВО СОРАБОТКА СО СТРУЧНИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА И СО УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. АПОСТОЛ ПАВЛЕ” ИЗРАБОТКА НА СОФТВЕРСКИ РЕШЕНИЈА КАКО ПОМАГАЛА ВО НАСТАВАТА.
Сложеноста на активностите што се извршуваат во наставата бара поддршка во вид на софтверски решенија што се приспособени со специфичните потреби на наставата.
ИЗГРАДБА, УРЕДУВАЊЕ И АДАПТИРАЊЕ НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ И ПЛАЖИ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ со цел збогатување на туристичката понуда на Охрид за оваа целна група.
ИЗГРАДБА НА ПАТЕКА ЗА СЛЕПИ како предуслов за обезбедување самостојно живеење и непречено движење на слепите лица.
БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ.
Ние има да бидеме вашиот глас за остварување на правата.
Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!
7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција за „Обнова на Македонија“.“ – истакна Крстеска.