Кружната крстосница кај Болницата и приодните улици утре ќе бидат целосно затворени за сообраќај
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид особено учесниците во сообраќајот, дека на ден 16.04.2019 година (вторник) во временски период од 07:00 до 17:00 часот, поради привршување на градежните активности кои се во тек, кружната крстосница Болница и дел од приодните улици ќе бидат целосно затворени за сообраќај и тоа:
- Улицата Питу Гули од крстосницата ул. Питу Гули со ул. Марко Нестороски до кружна крстосница Болница;
- Ул. Јане Сандански од крстосница помеѓу ул. Јане Сандански и ул. Карпош Војвода до кружна крстосница;
- Ул. Даме Груев од крстосница помеѓу ул. Даме Груев со ул. Карпош Војовда до кружна крстосница;
- Ул. Марко Цепенков од крстосница помеѓу ул. Марко Цепенков и ул. Вангел Николоски до кружна крстосница и
- Ул. Сирма Војвода од крстосница помеѓу ул. Сирма Војвода со ул. 8-ми Септември до кружна крстосница.
Се молат сите учесници во сообраќајот да ја избегнуваат погоренаведената улична мрежа со цел навремено завршување на градежните активности на кружната крстосница.