Кружниот тек кај Болницата утре ќе биде со променет режим на сообраќај
Се известуваат граѓаните на општина Охрид – особено учесниците во сообраќајот, дека на ден 18.04.2019 година (четврток) во временски период од 07:00 до 14:00 часот, поради хоризонтално и вертикално обележување на кружната крстосница Болница, согласно динамиката на одвивањето на активностите во одредени периоди ќе бидат затворени за сообраќај одредени краци.
Се молат сите учесници во сообраќајот да го одбегнуваат овој потег во погоренаведениот временски интервал со цел навремено и квалитетно завршување на обележувањето на кружната крстосница.