23/11/2024
Охрид

Крводарителите кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања во 2023, да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид

По повод 17 Март, Денот на крводарителството во Р.С. Македонија, Црвен крст Охрид традиционално им доделува јубилејни признанија на крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати.

Во таа насока, Црвен крст Охрид ги повикува крводарителите кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања во текот на изминатата 2023 година или кои не го подигнале признанието од минатите години, да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид на ул. Димитар Влахов бр. 52, секој работен ден од 8-16 часот. Пријавувањето е потребно да се изврши со приложување дарителска книшка во која се евидентирани крводарувањата, со што ќе се потврди бројот на крводарувања.

Крајниот рок за пријавување за овогодинешните признанија е 1 март 2024 година. Признанијата ќе бидат доделени на пригодна свеченост во втората половина од месец март.

Црвен крст Охрид изразува огромна благодарност и почит кон сите крводарители, како и кон поединци, фирми и институции кои го помагаат развојот и унапредувањето на крводарителството во Охрид и Дебрца.


WebOhrid / 23.02.2024 / Црвен крст Охрид