Крводарителска акција во Центарот за култура „Григор Прличев“ (14.09.2019)
Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 14.09.2019 (сабота) во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во периодот од 9:00-14:00 часот.
Црвен крст Охрид ги поканува нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција.