Крводарителска акција во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвениот крст
Во време на кризата предизвикана од коронавирусот трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие вонредни услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти.
За да ги задоволи потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст, во соработка со службата за трансфузија организира крводарителска акција под мотото „РАЗУБАВЕТЕ ГО ДЕНОТ, СЕБЕ СИ И НА ДРУГИТЕ“ која ќе се реализира на 19.05.2021 (среда) во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, во периодот од 9:00 до 14:00 ч.
Ги покануваме сите хумани сограѓани на возраст од 18 до 65 години да се придружат на хероите на ова време и дарувајќи ја драгоцената течност, спасат човечки животи.
Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители.
Крвта е извор на животот, крвта е лек. Единствен извор на крв се крводарителите.