Крводарителската акција „Плаошник 2024“ продолжува и денес, вчера беа собрани 38 единици крв за само 5 часа
На првиот ден од традиционалната крводарителска акција „Плаошник 24“, вчера, за само 5 часа, од 19 до 00 часот беа собрани 38 единици крв.
Црвениот крст од Охрид им благодари на крводарителите кои ја искажаа својата хуманост дарувајќи крв.
Крводарителската акција продолжува и денес и ги покануваме нашите хуманите сограѓани и гости да си го освежат денот, дарувајќи крв од 9 до 13 часот во ОOУ „Св.Климент Охридски“ – спортска сала.
WebOhrid / 09.08.2024 / Црвен крст Охрид