30/11/2024
Македонија

Култната книга на академик Луан Старова „Времето на козитe“ преведена и на есперанто

Култната книга на познатиот автор, академик Луан Старова, “Времето на козитe”, под наслов “La tempo de la kaprinoj”, деновиве, во Полска, објавена e на есперанто, во превод на познатите есперантисти Tomasz Chmielik i Bardhyl Selimi.

Значајно е да се одбележи дека ова е дваесети јазик на кој е преведена оваа книга, една од 18 те романи од Балканската сага на авторот.

Ретко се случува книга објавена пред 26 години и денес да ја задржи својата актуелност и да биде преобјавувана како што е случајот со романот “Времето на козите”.

Овој роман, пред извесно време, беше преобјавен во Загреб (објавен, прв пат, во едицијата хит-романи) заедно со романот “Враќањето на козите”.

Деновиве, “Времето на козите” го објавува престижната словенечка издавачка куќа ,,Цанкарјева заложба’’.

Ова значајно дело намакедонската, балканска и светска романистика, досега е објавувано на македонски и албански јазик (во повеќе изданија), потоа на француски, германски, италијански, шпански, грчки, турски (повеќе изданија),бугарски, романски, хрватски, словенечки,фински, полски, руски и други јазици.

За оваа книга пишувале познати француски мислители и книжевни критичари, како Едгар Морен, Морис Дрион, Ерик Фај, Ален Боске, Предраг Матвејевиќ, Василис Василикос, Георги Старделов Али Алиу, Нуло Миниси, Лоран Ковач и други .

Во врска романот се работени докторски и магистерски студии, во Полска, Албанија, Италија, Македонија и други земји.

Објавени се критки во француските национални медиуми како Ле Монд Диломатик, Фигаро, Ла Кроа, Франс-Култур и други.

Кигата “Времео на козите”, ја добива првата награда на конкурсот на издавачката куќа ,,Мисла’’.

Како најдобар роман, номиран е за наградите: ,,Најдобар европски роман ’’, “Најдобар француски странски роман во Франција” и други.

Објавенa, прв пат во пред 26 години, книгата и натаму предизвикува внимание, една е од најчитаните, преведуванн и студирани во училишта и на факултети.

Ако во “Времето на козите” Старова ги раскажува Македонија и Балканот, низ прикаската на козите на епохата на тоталитаризмот, во “Враќањето на козите”, преку овие питоми животни, авторот го раскажува периодот на транзицијата.

Веле Митаноски