22/11/2024
Охрид

Куратица на 27 ноември ќе биде домаќин на „OFF ROAD RACING 2022”

На надморска височина од 1400 мнв кај месноста викано ТИНА, на 27 Ноември (недела) Куратица ќе биде домаќин на несекојдневен настан „OFF ROAD RACING 2022”, на кој ќе имаат право на учество, Џипови, мото крос, АТВ.

Право на учество имаат сите заинтересирани што се осеќаат способни за возење по планински предели.

Патеката е со вкупна должина од 2000 метри и е уредно обележана.

Правило за џиповите е да учествува возач и совозач – помошник, мотокрос и АТВ по едно лице-односно само возачот.

За учесниците на џипови учеството е 1000 денари додека за мотокрос и АТВ 500 денари, со што добиваат пијалок и оброк награда за најдобрите и по завршувањето на трката следува прослава во Етно ресторан Дедо Димо.

За посетителите кој ќе уживаат во природата покрај погледот кон Охридското Езеро организаторите имаат обезбедено шанкови каде ќе можат да купат пијалоци и храна по симболични цени.

Почеток на настанот е од 9:00 часот. Целиот настан ќе биде LIVESTREAM – емитуван во живо на социјалните мрежи (Куратица, Охрид Инфо и Дедо Димо Ресторан) и youtube.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !

Информации за пристигнување до локацијата:

Доколку доаѓате од Ресен:
shorturl.at/jrI89

Доколку доаѓате од Кичево со џип:
shorturl.at/des67

Доколку доаѓате од Кичево со кола до Куратица, користете го патот Кичево – Охрид – Куратица.