25/11/2024
Охрид

Куратица подготвена за големиот верски празник „Успение на Пресвета Богородица“

На 800 метри (на 1220 мнв )од  селото Куратица во самото подножје на ридот кај месноста викано „Горно село„каде се верува дека било старото село Куратица, се издигнува црква посветена на Света Богородица. Храм кој веќе 2 децении интензивно се возоoбновуа од месното население и се чува и негува култот и посветеноста кон мајката Божја.

Жителите на селото заедно со верниците од околните населени места се соединуваат на церемонијата, истакнувајќи ја значењето на оваа света градба.

По тој повод  27.08.2024 од 19 часот започнува богослужбата, по што следува заедничка вечера со присутните верници.

После вечерата започнува општонародна веселба со естрадниот уметник ЈОРДАН МИТЕВ

Исто така известуваат дека црквата  ќе биде отворена и на 28.08.2024

Оваа година кум за празникот е Христијан Јосифоски. За многу години здравје бериќет во фамилијата.