26/11/2024
Охрид

Квалитетот на водата во Охридското Езеро е од прва и втора класа

Центарот за јавно здравје вообичаено согласно своите програмски активности пред почетокот на летната туристичка сезона врши мониторинг, контрола на квалитетот на водата во Охридското Езеро од македонска страна, на потегот од Свети Наум до Радожда, а и на квалитетот на водата од рекaтa Црн Дрим и Дебарското Езеро.

„Земени се примероци од вода на крајот од месец мај и на почетокот на јуни, вршени се комплетни физичкохемиски и микробиолошки анализи и може да се каже дека во најголем број случаи квалитетот на водата  во Охридско Езеро е од прва класа – хемиски, а микробиолошки се класифицира како одлична. Имаме дел од примероци во струшкиот дел, околу капалиштата кои што гравитираат на градското јадро, тука имаме две капалишта кои што се втора класа и кои микробиолошки се добри, што значи согласно законската регулатива тие води и од прва и од втора класа во Охридското Езеро можат да се користат и за капење, спорт и рекреација.“ – изјави директорот на Центарот за јавно здравје Охрид, Сашо Точков.


WebOhrid / 14.06.2023