23/11/2024
Македонија

Лазаревска: Предлог законот за основно образование е прогресивен, обезбедува инклузија и подобар квалитет во наставата

Пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска на денешната собраниска седница ги претстави придобивките за учениците и нацата од новиот Предлог закон за оновно образование.

„Предлог законот за основно образование нуди инклузија, не дискриминира и се води по сите европски стандарди. Наша цел е да овозможиме децата да бидат необременити, да бидат воспитувани во духот на добри и одговорни граѓани.

Предлог законот овозможува децата да бидат образовани во духот на интеркултуризмот и интеркултурната интеракција, градиме едно општество за сите“ – истакна Лазаравска.

Пратеничката Лазаревска во своето обраќање го потенцираше дело од ва законско решение кое предвидува намалување на бројот на деца во една паралелка од 20 до 30 ученици со што наставниците ќе можат да посветат поголемо внимание и интеракција за секој ученик.

„За разлика од претходниот закон, овој закон е пред се недискриминарачки и нуди еднаква шанса за сите. Посебен акцент се става на инклузија на сите, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби во образовните институции. Во соработка со УНИЦЕФ, ОСЦД и други меѓународни релевантни фактори, се нуди законско решение кое е европско и прогресивно. Овој Предлог закон за основно образование нуди квалитет во образовниот процес“ – заклучи Лазаревска.