23/11/2024
Охрид

Лажни телефонски јавувања за измами за случени сообраќајни незгоди

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои деновиве, преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, лажно претставувајќи се, вршат измами за случени сообраќајни незгоди во кои, наводно, жртви или тешко повредени биле членови на нивните семејствата или други нивни роднини. Со тоа создаваат огромна вознемиреност кај граѓаните, а целта на овие измами е да изнудат пари за наводна помош при понатамошната постапка.

СВР Охрид апелира до граѓаните, да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 112 или лично во најблиската полициска станица.


WebOhrid / 01.05.2024 / СВР Охрид