ЛДП со иницијатива за изнаоѓање решение за лицата со инвалидитет за користење на плажа на Градскиот кеј
ЛДП Охрид покренува иницијатива до Советот на општина Охрид за изнаоѓање на решение за пристап на лицата со инвалидитет за користење на плажа на Градскиот кеј.
„Имајќи предвид дека во Охрид имаме голем број на лица со инвалидитет, во летниот период со посета на лица со инвалидитет од целата држава и другите околни и Европски држави, тој број е драстично голем.
Либерално Демократска партија – Охрид покренува иницијатива до Советот на Општина Охрид да изнајде соодветно решение, на Кејот на Охрид т.н. Градска плажа да овозможи пристап на лицата со инвалидитет, да ги користат водите на Охридско Езеро за капење (да се направи плажа за лицата со инвалидитет).
Со надеж дека ќе наиде на разбирање проблемот, ќе се прифати нашата иницијатива.“ – стои во иницијативата од ЛДП Охрид.