Летен Базар на облека во Охрид
Германската донација за Охрид од здружението на моторџии „Бајкер Блуми Хилфе“ која се реализира на почетокот на мај, покрај медицинска опрема содржеше и квалитетна облека и обувки.
Во организација на Црвен крст Охрид со поддршка на Гимназија Охрид, утре, 30.05.2018 г. (среда) во спортската сала на ОСУ Св.Климент Охридски-Гимназија ќе се реализира ЛЕТЕН БАЗАР на облека. Во периодот од 10-16 ч. волонтерите на Црвен крст Охрид ќе се погрижат квалитетните германски производи да бидат изложени и бесплатно достапни на сите посетители кои имаат потреба и желба да ја освежат својата гардероба.