Левица: Апел до инспекциските служби да извршат увид на објект во Лагадин
„До ЛО Левица Охрид, пристигна информација во која стои дека на 2 мај, понеделник (неработен ден за сите граѓани на Република Македонија) имало градежни активности на објект во Лагадин, кој според лицето кое ја испрати информацијата, е сопственост на еден познат битолски бизнисмен и е дивоградба, чие име ни беше испратено во приватна порака, но ќе почекаме надлежните да го соопштат.
Освен тоа, со градежниот шут е направена депонија во непосредна близина, со што се врши загадување на животната средина.
Апелираме до соодветните инспекциски служби да извршат увид и да постапат според законот и според Извештајот на УНЕСКО.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.
WebOhrid / 04.05.2022 / Левица ЛО Охрид