22/11/2024
Охрид

Левица: ДПМНЕ ја украде иницијативата на Левица за обележување службени возила

„Во врска со програмата на ДПМНЕ насловена како ,,Платформа 1198”, за означување на сите службени возила на државните институции, го информираме Христијан Мицкоски дека советникот на Левица во Советот на Општина Охрид, Виолета Аврамоска, два пати поднесе иницијатива за означување на сите возила во Општина Охрид. 

Првата иницијатива беше поднесена на 12.09.2022 година, а втората на Седница на Советот на Општина Охрид одржана на 12.04.2023 година. 

Овие две иницијативи беа дочекани со потсмев од страна на Локалната власт на ДПМНЕ во Охрид и беше одбиена.

Потоа, на седница за советнички прашања советникот на Левица во Советот на Општина Охрид, Виолета Аврамоска, постави советничко прашање до градоначалникот на Општина Охрид  Кирил Пецаков, зошто се одбива иницијативата за означување на возилата на Општина Охрид и доби одговор, од видно изнервираниот градоначалник дека возилата ќе бидат означени. Но, тоа ветување на градоначалникот остана само уште една негова лага.

Христијан Мицкоски, не е ли премногу лицемерно да ветувате нешто што веќе три пати е одбиено од вашите претставници во локалната во Охрид? 

Добро би било со вашата безидејност да престанете со крадење на иницијативите на советниците од Левица.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 29.03.2024 / Левица ЛО Охрид