Левица: Климештани против каменоломот на Нефи Усеини од ДУИ
„Жителите на село Климештани излегоа во знак на протест заради непочитување на Договорот за експлоатација на каменоломот од страна на концесионерот, познатиот Нефи Усеини. Жителите постојано се жалат дека воздухот енормно се загадува од минирањето на каменоломот, кој се наоѓа на само 500 метри од нивните куќи!
Дополнително, патот кој води до селото е целосно уништен, иако градоначалникот на Дебрца – Зоран Ногачески склучил договор со Усеини дека патот мора да биде реконструиран од страна на концесионерот. На протестот во знак на поддршка беше присутна и пратеничката од Левица, Јована Мојсоска и членови на локалниот огранок од Охрид.
Левица ја информира јавноста дека ќе побара информации под кои услови добил концесија советникот од ДУИ, Нефи Усеини и дали ги исполнува целосно обврските од договорот. Со оглед на скандалите во минатото кои се поврзуваат со Нефи Усеини, имаме сериозни сомнежи за незаконитости со договорот за екплоатација и ги повикуваме и медиумите да се заинтересираат за најновиот бизнис на Нефи Усеини.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.
01.12.2024 / Левица ЛО Охрид