Левица: Легално украдени дванаесет илјади евра во името на патни трошоци од страна на охридските пратеници
„Шест охридски претставници во Собранието на Република Македонија од редовите на ДПМНЕ-Охрид и СДС-Охрид од 01.01.2024 година до 01.01.2025 година, заедно во името на патните трошоци легално украле народни 727.077 денари или 12 илјади евра за релацијата Охрид-Скопје. Вкупно 18.671.591 денар патни трпоци им се исплатени на пратениците. Исклучиво пратениците од Левица се откажаа од патни трошоци и потрошиле 0 (нула) денари за патни трошоци.
Сегашни пратеници од Охрид, а сите се од редовите на ДПМНЕ:
Лидија Петкоска 260.560 (ДПМНЕ)
Сашо Донев 150.646 (ДПМНЕ)
Грација Бакраческа 21.021 (ДПМНЕ)
Поранешни охридски пратеници кои моментално немаат мандат во Собраните, но сепак земаат патни трошоци:
Жаклина Лазаревска 131.646 (СДС)
Александар Николоски 99.585 (ДПМНЕ)
Лазе Таневски 63.619 (СДС)
Јована Мојсоска 0 – нула денари (Левица)
Дел од пратениците имаат инзајмени станови во Скопје, во кои престојуваат, а месечната закупнина им ја плаќа Собранието, односно ние, граѓаните. Лидија Петкоска, покрај патните трошоци, за една година потрошила дополнителни 4.575 евра за изнајмување на стан кој и го плаќа Собранието.
Политичката партија Левица и понатаму ќе има за цел да ги намали овие трошоци, а пратениците од Левица се единствените кои преку личен пример ја застапуваат целта да се укинат патните надоместоци и апанажата!
Сакаме да ги потсетиме пратениците кои се изгласани од охриѓани дека и редовниот автобуски превоз може да биде доволно комфорен за да стигнат до своето работно место – во Парламентот, наместо да патуваат со приватни шофери и луксузни автомобили.
Потсетуваме дека во 2021 година од страна на СДС и ДУИ беше одбиена точката за законски измени предложена од Левица да биде ставена на дневен ред, односно од вкупно 108 пратеници, 89 гласаа „ПРОТИВ”, што значи не беше изгласан Предлог на Законот од Левица за укинување на патните трошоци на пратениците (кои сега имаат плати над 100.000 денари) и кратење на противуставното т.н. право на апанажа на пратениците од Собраните на Република Македонија. На овој начин владејачките партии бесрамно го ограбуваат и така осиромашениот народ!“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.