22/10/2024
Дебрца

Левица: Нефи Усеини дивее и во Климештани

Поранешниот советник од ДУИ, Нефи Усеини се јавува како концесионер за експлоатација на минерална суровина – каменолом во с. Климештани.

Од договорот склучен помеѓу Општина Дебрца и градоначалникот Зоран Ногачески, МЗ Климештани и Нефи А Инвест ДОО, склучен во 2018 година, произлегуваат обврски на Нефи А Инвест ДОО, кои до денес не се исполнети во целост.

Она што најмногу ги загрижува жителите на Климештани е прашината од експлоатација на минералните суровини си која се загадува животната средина, не постои заштита од предизвикување бучавост и опасности кои произлегуваат од минирање, како и користење на локалниот пат.

Жителите на Климештани поднесоа барање до Општина Дебрца со кое бараат да се спречи самоволието на локалниот шериф Нефи Усеини. Доколку за еден месец, односно до 15.11.2024 година не се постапи според нивните барања, ќе се бара раскинување на договорот.


Левица ЛО Охрид  / 22.10.2024