22/11/2024
Охрид

Левица: Неспособноста на градските власти уште еднаш излезе на површина со улицата АСНОМ во Охрид

Партијата Левица – Локален огранок Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Неспособноста на градските власти уште еднаш излезе на површина со улицата АСНОМ во Охрид.

Оваа улица беше реконструирана пред 2 години со што беа уредени тротоарите и коловозот, но во Охрид важи правилото дека се што е ново кратко трае. Имено, ова улица повеќе од еден месец е блокирана, а никој не работи за повторно да се нормализира сообраќајот. Покрај улицата на градилиштето  од инвеститорот ДГУПТ „Еуро – Билдинг 2021 ДООЕЛ Охрид“, оставено е само градежен материјал, ѓубре и е напуштено.

Левица ЛО Охрид ги подсетува надлежните дека за ваквото неодговорно однесување, за оваа неажурност од страна на властите, охриѓани на следните локални избори културно ќе им возвратат.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 12.08.2022 / Левица ЛО Охрид