26/11/2024
Охрид

Левица: Обид за заплашување на Левица од охридската полиција

„Во моментов во канцеларијата на ЛЕВИЦА во Охрид, упадна полицијата на СДС и ДУИ, за време кога во канцеларијата се наоѓаат активисти на Црвена младина, подмладокот на ЛЕВИЦА.

Дали фашистичката полиција се исплаши од протестот кој ЛЕВИЦА го организира во Охрид, поради тоа што секојдневно се приклучуваат се’ повеќе охриѓани?

Да и’ порачаме на охридската полиција, оставете ги нашите деца на мир.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 08.07.2022 / Левица ЛО Охрид