Левица: Охриѓани ќе плаќаат најскапи гробни места во Македонија
„Градски гробишта“ Охрид е Јавно претпријатие за вршење дејност од јавен интерес. Cе поставува прашањето колку се зема предвид јавниот интерес наспроти финансиските интереси на локалната власт?
Се зголемуваат цените на гробните места, утврдено во зависност од распоредот на гробните парцели.Најефтиното неуредено гробно место во христијанскиот дел чини 31 000 денари, а во муслиманскиот дел 19.900 денари. Кога тука ќе се додадат и трошоците за уредување на гробно место, цената на гробните места е повисока скоро за 50%.
Годишниот надомест за одржувуње на гробиштата порасна од 600 на 1000 денари.
На 21 Седница на Советот на Општина Охрид, советничката од редовите на Левица, Аврамоска го праша директорот на ЈП Градски гробишта:
„Со оглед на економската криза, не само оваа година, туку и години наназад, се’ повеќе семејства добиваат епитет на семејства во социјален ризик. Дали за оваа категорија семејства имате некои повластувања при купување на гробно место, освен плаќањето на рати? Дали имате бесплатни гробни места?“
Директорот одговори дека имале само по две бесплатни гробни места, а уредувањето го вршеле хуманитарни организации.
Советникот на Левица, Виолета Аврамоска додаде:
,,Ако е така, тогаш, еве, јас ви давам идеја и иницијатива и вам како на директор на ЈП Градски гробишта и на Советот на Општина Охрид, за еден социјален проект, кој можеме заеднички да го реализираме. Една парцела во христијанскиот дел и една парцела во муслиманскиот дел од гробиштата, да бидат наменети за бесплатни гробни места, бидејќи секој има право своите покојни да ги погреба достоинствено. Овој социјален проект би можеле да го оствариме со субвенционирање од страна на Општина Охрид.“
Не смееме да дозволиме последиците од економската криза да се срушат единствено врз грбот на граѓаните.
До кога јавните претпријатија ке бидат во служба на локалната власт за покривање ставки во буџетот како репрезентации и вработувања (на партиски послушници)!?“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.
WebOhrid / 23.12.2022 / Левица ЛО Охрид