22/11/2024
Охрид

Левица: Општина Охрид ја одби иницијативата за бесплатни градинки

„Иницијативата на советникот на Левица за донесување одлука со која престојот и храната на децата кои се згрижени во државните градинки на територијата на Општина Охрид да бидат ослободени од партиципација, поднесена на 30.05.2022 година, не беше ставена како точка на дневен ред на 12 Седница  Советот на Општина Охрид, одржана на 08.06.2022 година.

– Иницијативата како правна форма значи предлог, а не начин на реализација. Начинот на реализација, односно финансиската  анализа и законските  решенија, им се препуштаат на институциите и службите, по нејзиното усвојување од страна на советот.

– Оттука, го повикуваме Претседателот на Совет на Општина Охрид, на следната, 13 Седница на Советот на Општина Охрид, оваа иницијатива, како и другите две поднесени иницијативи од советникот на ЛЕВИЦА, Виолета Аврамоска, да бидат ставени на дневен ред.

– Со одбивањето на оваа и другите две иницијативи, ќе се покаже и докаже дека Општина Охрид, ниту е заинтересирана за спроведување на проекти од социјален карактер, ниту пак работи за интересите на Охрид и охриѓани.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 10.06.2022 / Левица ЛО Охрид