26/11/2024
Охрид

Левица поднесе иницијатива за бесплатни градинки во Охрид

Советникот од Левица во Совет на Општина Охрид, Виолета Аврамоска, поднесе ИНИЦИЈАТИВА до Советот за бесплатни градинки за сите деца на територијата на Општина Охрид, односно укинување на партипацијата која ја плаќаат родителите.

„Сметаме дека на овој начин, на секое дете ќе му биде овозможено да биде соодветно згрижено, независно од можностите на родителите.

Со оглед на тоа што градинките немаат само згрижувачка улога, туку исто како и основното образование, имаат воспитно – образовна и спортско – рекреативна улога, а имајќи во предвид дека основното образование согласно Уставот на Република Македонија е бесплатно, логично е и овој дел од образованието на децата да биде бесплатен.

Ако народните пари се трошат за енормно високи патни трошоци на пратениците, за скапи ручеци на политичарите и функционерите и за бирократизирана администрација, тогаш и децата заслужуваат бесплатен престој во градинките.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 30.05.2022 / Левица ЛО Охрид