Левица поднесе иницијатива за изготвување сообраќајно решение за крстосницата кај ООУ „Христо Узунов“
На 31.10.2022 година членот на советот во Општина Охрид од политичката партија Левица – Виолета Аврамоска до претседателот на Совет на Општина Охрид – Сашо Донев поднесе иницијатива за изготвување сообраќајно решение за крстосницата на улиците „Марко Нестороски“ и „Питу Гули“ (ООУ „Христо Узунов“).
„Сметаме дека изготвување на сообраќајно решение кај крстосницата на улиците „Марко Нестороски“ и „Питу Гули“ кај ООУ „Христо Узунов“ е неопходно поради тоа што на наведената крстосница сообраќајот е многу фрекфентен, особено во утринските часови и претставува сериозен проблем за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а посебно за безбедноста на учениците во училиштето.“ – стои во образложението.
WebOhrid / 04.11.2022 / Левица ЛО Охрид