Левица поднесе иницијатива за обележување на службените возила од Општина Охрид
На 12.09.2022 година, советникот на ЛЕВИЦА, Виолета Аврамоска, до Претседателот на Совет на Општина Охрид, поднесе ИНИЦИЈАТИВА за донесување одлука од страна на советот, со која службените возила во Општина Охрид ќе бидат обележани со налепници.
„Обележувањето на службените возила е неопходно, со цел да не се злоупотребуваат службените возила од страна на вработените во општината по завршувањето на работното време. Со обележувањето граѓаните ќе имаат увид дали се врши злоупотреба на возилата за приватни цели од страна на функционерите и вработените во Општина Охрид.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.
WebOhrid / 13.09.2022 / Левица ЛО Охрид