Левица поднесе иницијатива за прилагодување на влезовите на јавните објекти за пристап за инвалидни лица
„Ја известуваме јавноста дека членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за градежно прилагодување на влезовите во јавните објекти за непречен пристап за инвалидни лица.
Образложение:
Грижата за лицата со инвалидитет од страна на општеството никогаш не е доволна. Нашите сограѓани заслужуваат со што повеќе и поголеми мерки да им го олесниме животот, барем во оние сегменти во кои имаме можност да реагираме. Поради тоа е неопходно да им овозможиме пристап до јавните објекти кои немаат вакви пристапи или не се соодветно адаптирани.“ – стои во известувањето од Левица ЛО Охрид.
WebOhrid / 23.12.2023 / Левица ЛО Охрид