Левица положи свежо цвеќе по повод Денот на ослободувањето на Охрид
Делегација од Левица ЛО Охрид денес во Градскиот Парк положи свежо цвеќе по повод денешниот празник 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид.
„На денешен ден во 1944 година борците на Првата македонска ударна бригада, заедно со борците на Петтата македонска ударна бригада и Петнаесеттата македонска бригада го заземаат градот по дводневни борби со фашистичкиот окупатор и го целосно го ослободуваат.
Нека ни е честит и вековит 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор.
СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!“ – стои во честитката од Левица ЛО Охрид.
07.11.2023 / Левица ЛО Охрид