Левица: Пратениците од ДПМНЕ гласаа против најгорливите еколошки проблеми на охриѓани
„Охридските пратеници од редовите на ДПМНЕ, Сашо Донев, Лидија Петкоска, Грација Бакраческа од ИЕ-5, кои би требало да бидат претставници на народот во законодавниот дом, гласаа против амандманите поднесени од пратеничката Јована Мојсоска од Политиката партија Левица.
Одбивањето на овие амандмани значи дека охридските пратеници се спремни да ја блокираат секоја иницијатива на Левица, иако е во интерес на граѓаните на Охрид. Овие три предложени амандмани од Политичката партија Левица изразуваат реална грижа за најгорливите проблеми со коишто се соочуваат охриѓани, а тоа се:
– Дислокација на дивата депонија Буково во општина Охрид и ревитализација на земјиштето;
– Отпочнување на проекти за одделување на мешовита канализација во општина Охрид, во прва фаза, со должина од 10км на фекална и атмосферска канализација;
– Реконструкција и доизградба на колекторскиот систем на Охридското езеро до село Радожда, односно целосно затварање на колекторскиот прстен.
Охриѓани заслужуваат транспарентна и одговорна политика која ќе ги стави интересите на жителите на Охрид над тесно партиските интереси.
Одбивањето на овие предлози испраќа јасна порака дека интересите на граѓаните се ставени во втор план пред партиските калкулации. Наместо да се обединат околу решенија за подобро утре, ДПМНЕ не ги профаќа иако дел од предложените проекти и мерки беа дел и од предизборните ветувања на актуелната власт.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.
Левица ЛО Охрид / 04.12.2024