22/11/2024
МакедонијаОхрид

Левица: Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ гласаше против намалување на патарините за 50%

Партијата Левица – Локален огранок Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Пратеничката Жаклина Лазаревска како дел од тесното парламентарното мнозинство, гласаше ПРОТИВ усвојување во скратена постапка на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта со кој се предвидува намалување на патарините за 50%. Овој предлог на закон беше поднесе од пратениците на Левица  како дел од партиските предлог-мерки за намалување на последиците од економската криза.

Доколку пратеничката Лазаревска не сака да им излезе во пресрет на обичните граѓани, тогаш ја повикуваме да се откаже од високите патни трошоци (2369 евра за 5 месеци) кои ги зема како пратеник. Со нејзината плата скоро 4 пати повисока од минималната плата која ја земаат најголем дел од работниците, пратеничката спротивно на идеологијат која наводно ја застапува, докажа дека воопшто не е заинтересирана за обичните граѓани и своете дејствување го насочила исклучиво кон заштита на крупниот капитал.

Со овој предлог на закон, Левица го покажа својот демократски капацитет и грижата за секој граѓанин, а особено работникот. Истовремено ова беше тест за социјалдемократите кои очигледно, потфрлија во таа насока и не дозволија износот на патарините да биде соодветен на социјалниот стандард на обичните граѓани и нивната економска моќ.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 07.04.2022 / Левица ЛО Охрид