Левица: Продолжува узурпацијата на езерскиот брег
„На плажата Канео се гради на самиот езерски брег, што е спротивно од препораките на УНЕСКО. Никој од надлежните не излезе на терен за да ја спречи оваа дивоградба и узурпација на езерскиот брег.
Левица Охрид поднесе барање за вонреден инспекциски надзор до Градежна инспекција и инспекција за животна средина од Охрид.
Бараме од инспекциите на Општина Охрид да постапат по барањето, а против сторителот да бидат преземени сите законски мерки.“ – стои во реакцијата од Левица ЛО Охрид.
WebOhrid / 02.01.2024 / Левица ЛО Охрид