Левица: Расипничко трошење на парите на граѓаните од страна на градоначалникот на Охрид и актуелната власт
Локалниот огранок на Левица Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Градоначалникот на Охрид најави нов проект за реконструкција и целосна обнова на кејот во Охрид. За овој проект, со одлука на Владата, обезбедени се 38 милиони денари, а се прават напори и најверојатно ќе се обезбедат уште 45 милиони денари, со што се достигнува вкупен износ од 83 милиони денари!
На сред корона криза, во година кога имавме уништена туристичка сезона, кога туризмот претрпе ненадминлива штета, а туристичките и угостителските работници огромни финансиски загуби, како и сите мали и средни претпријатија, Локалната и градоначалникот расипанички ги трошат парите на граѓаните.
Бидејки охридскиот кеј не така одамна беше веќе реконструиран, се наметнуваат прашањата:
-Дали е потреба и зошто е потребна реконструкција?
-Каде ќе заврши бекатонот кој ќе биде отстранет од кејот?
-Дали ќе биде попаметно дел од овие средства да беа наменети како финансиска инекција на сите мали и средни претпријатија кои претрпеа големи загуби поради кризата предизвикана од КОВИД-19?
-Дали е веќе време градоначалникот да почне да размислува за некои социјални проекти, со оглед на тоа што охриѓани секојдневно се повеќе се осиромашуваат и се борат за гола егзистенција, или социјалната политика целосно им ја препушта на хуманитарните организации?“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.