26/11/2024
Охрид

Левица со честитка по повод 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид

Охриде, честит 7 ноември – денот на ослободувањето од фашистичкиот окупатор. 

,,Многу студено ноемвриско утро, 1944 година, спроти Митровден. Ноемвриско утро, послано со слана и сињак. Партизаните на Охридската бригада преку планините од Дебрца слегуваат во градот, за да учествуваат во ослободувањето на Охрид. Бригадата броела 250 партизани, слабо вооружени и оскудно облечени. Цел на нивниот напад била фашистичката окупаторска војска, која од Охрид се повлекувала во Драч, Албанија. 

По тешка и нерамна борба со добро вооружениот окупатор, партизаните, сепак успеале да го ослободат градот. Борците од Охридската бригада се приклучуваат кон Првата македонска ударна бригада и ја продолжуваат понатака борбата за ослободување на другите градови во западниот дел на Македонија. 

Во ослободувањето на Охрид, покрај Охридската бригада, учествувале и Првата македонска ударна бригада и Четвртата албанска бригада. 15 часа се воделе улични борби. Во таа борба, пронижени од фашистичкиот куршум, животот го загубиле 28 партизани, меѓу кои, Јасна Ристеска, Момчило Јорданоски, Борис Волчески и други.’’ 

  • Сеќавање на партизанот Милан Палоски, кој учествувал во ослободувањето на Охрид

    Нека ни е честит 7 ноември – денот на ОСЛОБОДУВАЊЕТО на Охрид! 

    Вечна им слава на хероите кои ги положија своите животи на одарот на слободата!